Почнаа изборите во САД и тоа од вселената!

Сподели со своите пријатели

Астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс гласаше од вселената на претседателските избори во САД.

Loading...

„Од меѓународната вселенска станица: Јас гласав денес“, се наведува со фотографијата на астронаутката објавена на Твитер на американската вселенска агенција НАСА.

Таа гласаше од избирачко место во вселената преку шифрирана е-пошта, испратена до службеник на изборната комисија на Земјата.

Во средината на октомври, Рубинс пристигна на Меѓународната вселенска станица со двајца руски космонаути.

Астронаутите на НАСА претходно гласаа од вселената.

Кејт Рубинс исто така беше во мисија за изборите во 2016 година и гласаше од вселената.

Таа им порача на Американците дека „клучно е тие да учествуваат во демократијата“.

 

Loading...

Leave a Reply