Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица во кумановската населба „Перо Чичо“

Сподели со своите пријатели

Почнаа градежни активности за реконструкција на посточеката водоводна мрежа на улицата „Михајло Пупин“ во кумановската населба „Перо Чичо“, информираа денеска од општина Куманово. Мрежата е стара и дотраена и не можеше да ги задоволи потребите за непречно водоснабување на жителите од оваа улица во Куманово.

Loading...

Реконструкцијата на водоводната мрежа се спроведува во рамките на развојната програма на општина Куманово.

За замена на околу 400 метри водоводна мрежа на улицата општината одвои 988.000 денари со данок на додадена вредност. Скопската фирма „Билдинг“ ќе треба да ги заврши градежните акивности во рок од 22 работни дена, соопштија од оделението за јавни набавки од општина Куманово.

Leave a Reply