Почна конкурсот за третиот меѓународен фестивал на кратoк филм “ФИЛМАЈ 2021”

Сподели со своите пријатели
Почна конкурсот за третиот меѓународен фестивал на краток филм „ФИЛМАЈ 2021 кој го организира Фото-кино клуб „Козјак Куманово, соопштија, денеска од клубот. На конкурсот можат да се пријават кратки играни и документарни филмови со траење до 20 минути, ќе бидат прифатени и пријави за експериментални филмови (изземајќи ги анимираните).
Учесниците треба да конкурираат со филмови кои се завршени по  1. јануари 2018 година. Пријавувањето за учество е преку платформата FilmFreeway (линк)
Од Фото-кино клуб Козјак” известуваат дека пријавувањето ќе трае до 15 март, идната година.

На конкурсот ќе се доделат четири награди , Лазар Ѓорѓевиќ за најдобра режија, „Радислав Ристевски за најдобра фотографија/кинематографија,  Козјак за најдобро сценарио, награда за најдобар македонски (домашен) филм.

Loading...

-Организаторот одлучи пријавувањето на конкурсот за македонски кратки филмови да биде бесплатно, со намера да се поттикне продукцијата и прикажувањето како и да се создаде и негува желба кај публиката за уживање на кратки филмови. Детали за фестивалот со известувања и новости ќе може да се следат на ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ. Фестивалската веб-страна е: http://filmay.kozjak.mk-известуваат од клубот.

Информација за членови на жирито за годинешниот фестивал, дополнително ќе биде објавена, резултатите од конкурсот ќе бидат соопштени на 3 мај идната година. Планирано е фестивалот да се одржи на 28 мај.

Првото издание на фестивалот се одржа на 29 мај 2019 година, во Занаетчискиот дом  Куманово и присуствуваше многубројна публика. Оваа година, поради пандемијата фестовалот се одржа во Центарот за култура и согласно протоколите имаше 110 граѓани кои го проследија фестивалот.

Александра Максимовска

Leave a Reply