Почна изградбата на спортско игралиште во ОУ „Вера Которка“ во кумановското село Клечовце

Сподели со своите пријатели

Почна изградбата на спортско игралиште во училишниот двор на основното училиште „Вера Которка“ во кумановското село Клечовце, соопштија денеска надлежните. Теренот е подготвен, поставен е асфалт.

Loading...

– Задоволни сме што нашите ученици, месното население и рекреативците ќе имаат можност да користат современо игралиште. Пред сè, ќе се подобрат условите за изведување на настава по физичко и здравствено образование, изјави директорот на училиштето, Тоде Михајловски.

 

 

Тој најави дека училиштето во оваа рурална средина очекува да почне и замена на фасадата од трите страни, обнова на прозорци, подови, проект којшто е финансиски поддржан од Министерството за образование и наука.

– Се надеваме дека и оваа обнова ќе почне и со реконструкцијата да добиеме поквалитетни услови за изведување на наставата, изјави Михајловски.
Општина Куманово претходно најави дека ќе одвои средства и за поставување на систем за парно греење.

 

Loading...

 

Инаку, во основното училиште во село Клечовце настава следат 61 ученик од повеќе села од кумановско, Војник, Стрезовце, Јачинце, Бељаковце и Клечовце од прво до деветто одделение. Наставата се изведува со физичко присуство во прва смена во комбинирани паралелки.

МИА