Почина шефот на нуклеарната централа во Чернобил: Бил осуден на 10 години работа во логор

Сподели со своите пријатели

Шефот на нуклеарната централа во Чернобил, кој беше осуден на 10 години затвор во работен логор поради одговорност во нуклеарна катастрофа, почина на 85-годишна возраст.

Loading...

Виктор Брјуканов беше управител на нуклеарната централа Чернобил во Припјат, на северот на Украина, кога експлозијата во нуклеарната централа во април 1986 година испрати облак од радијација до Европа.

 

 

Експлозијата, која емитуваше 400 пати повеќе радијација во атмосферата од атомската бомба фрлена на Хирошима во 1945 година, се случи за време на безбедносните тестови, а на советските власти им беа потребни 36 часа да ја иницираат евакуацијата.

Најмалку 31 работник загина во првите денови по несреќата, иако долгорочните ефекти од радијацијата е тешко да се проценат, а најмалку 350.000 луѓе беа евакуирани од областа во наредните месеци.

Брјуканов беше жртвено јагне и, заедно со уште петмина, беше осуден на 10 години напорна работа во затворска колонија во Доњецк во едно од последните „лажни судења“ од времето на комунизмот, пишува Дејли Мејл.

Loading...

 

 

На судењето зад затворени врати, Брјуканов беше прогласен за виновен за злоупотреба на власта.

Роден во Ташкент, Узбекистан, во 1935 година, Брјуканов бил најстарото од четирите деца.

Татко му бил стаклар, а мајка му чистачка. Студирал инженерство на Политехничкиот институт во Ташкент, пред да се пресели во Украина во 1966 година.

Кога имал 34 години, во 1970 година, Брујанов се приклучил на тимот задолжен за изградба на фабрика во Чернобил.

 

Loading...

 

По 14 години, милијарди долари и сложени инженерски решенија, тој и неговите колеги успеале да ја изградат Лениновата нуклеарна централа со четири реактори на изолиран дел од мочуриштето покрај реката Припјат.

И потоа следеше катастрофа.

Во рок од неколку месеци, 31 работник починале од директна изложеност на радијација. Околу 600.000 луѓе биле изложени на високо ниво на радијација додека се бореле да го изгаснат пожарот во електраната и да ја исчистат контаминираната област.

 

 

Loading...

Милиони луѓе во регионот беа изложени на опасно ниво на радијација, за што 350.000 луѓе беа евакуирани од стотици градови и села во Украина и Белорусија.

Радиоактивните честички стигнале до Северен Велс.

Иако не е познат точниот број на жртви, Светската здравствена организација процени дека 9.000 луѓе би умреле од рак и леукемија доколку катастрофата во Чернобил го следи моделот на атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки.

Брјуканов бил дома кога го разбудил итен повик по експлозијата. Кога шефот на цивилната одбрана му кажал дека нивото на радијација е 100 пати поголемо од нормалното, Брјуканов наводно рекол дека инструментите не се во функција и во првиот извештај до надлежните изјавил дека состојбата е стабилна.

 

Loading...

 

Кога Ројтерс во 1992 година го прашал зошто не е веднаш наредена евакуација на луѓето, тој рекол дека сите знаат дека е неопходно итно да се евакуираат луѓето, но дека сите биле во стилот „Да ја чекаме Моксва. Ќе ги средиме работите и чекајте ги нивните инструкции“.

„Евакуацијата значеше преместување на маса луѓе и преземање огромна одговорност. Затоа мислам дека побараа од некој од повисок ранг да ја донесе таа одлука“, рече тој.

По експлозијата партиските функционери решија да го обвинат Брјуканов, а на судењето тој беше прогласен за виновен за кршење на безбедносните протоколи и создавање услови што довеле до експлозијата.

Кога излегол од затвор, Брјуканов во 1992 година се преселил со сопругата во Киев и живеел во изолација до крајот на својот живот.

Loading...