Почина раперот Продиџи

Сподели со своите пријатели

Пред неколку дена познатиот рапер Продиџи од групата „Моб Дип“ примен е во болница во Лас Вегас поради хрночна болест која ја има од детството. За жал, вчера починал на 42-годишна возраст.

Ѕвездата на хип хопот чие вистинско име е Алберт Џонсон бил на турнеја кога бил хоспитализиран. Како пишуваат странските медиуми, раперот во текот на животот имал неколку здравствени проблеми, а најмногу се борел со недостаток на црвени крвни зрна.

Сепак, причината за смтта не е позната.

Раперот започнал да се занимава со музика на 15 години, а само некои од неговите хитови по кои ќе се памети се: „Quiet Storm”, „Burn”, „G.O.D. Pt. III”, „Get Away”…