Почина ранетиот во синоќешната престрелка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишнио В.М. од Куманово им подлегна на повредите по синоќешната престрелка во населбата Диво насеље, додека едно лице е задржано на болничко лекување поради убодна рана.

Вкупно 11 лица учествувале во инцидентот, членови на две различни семејства.

Како што информираат од полицијата, вчеравечер околу 18.30 часот во ПС Куманово било пријавено дека на улица „Тоде Мендол“ во близина на маркет “Арди” по претходно настаната тепачка помеѓу две семејства и тоа Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна, било пукано од огнено оружје при што В.М. се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Куманово и потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде им подлегнал на повредите.

М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети .

Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени. Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка.

Во соработка со јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Leave a Reply