Почина пејачката Мерима Његомир

Сподели со своите пријатели

Легендарната фолк пејачка Мерима Његомир почина на 68-годишна возраст по кратко боледување.

Loading...

Оваа информација за Pink.rs низ солзи ја потврдила нејзината ќерка Љубица.

„Така е“, кратко рече таа.

Мерима неодамна откри дека се бори со ракот. Потоа рече дека не се чувствува добро, но дека не се откажува од борбата.

Мерима е родена на 9 ноември 1953 година во Белград.

Снимила повеќе од 25 албуми и испеала некои од безвременските хитови како што се „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Што је лепо кад се неко воли“; „Али памтим још“, „Бол болујем“ и многу други.

Зад себе остави четири деца: ќерките Милица, Јелена, Љубица и синот Марко.