Почина милијардерот Ингвар Кампрад, основачот на ИКЕА

Сподели со своите пријатели

Ингвар Кампрад, основачот на компанијата ИКЕА, почина во 92. година во својот дом во Смаланд, соопшти компанијата, која го нарече еден од најголемите претприемачи на 20. век.

Милијардерот, роден во 1936 година во Смаланд, ја основал ИКЕА кога имал 17 години, искористувајќи ги парите кои од својот татко ги добил затоа што остварил добар успех на училиште и покрај дислексијата. Кампрад „починал мирно во својот дом“, се наведува во соопштението од компанијата.

– Работеше до самиот крај на својот живо, останувајќи верен на своето мото дека поголемиот дел од работите остануваат да бидат сработени, се додава во соопштението.

Кампрад од Управниот одбор на компанијата се повлекол во 2013. година кога имал 87 години. Критикуван е поради своето минато, бидејќи е поврзан со нацистите.

Меѓутоа, тој во една прилика рекол дека тоа што на 16 години се придружил на Новото шведско движење кое ја поддржувало нацистичка Германија е неговата најголема животна грешка.