Почина човекот кој ги носеше клучните одлуки за испраќањето човек на Месечината

Сподели со своите пријатели

Крис Крафт, основач на контролата за мисии во американската вселенска агенција НАСА, починја во понеделник во својата 96та година, два дена по 50-годишнината од слетувањето на Месечината на мисијата „Аполо 11“.

Loading...

Крафт носел клучни одлуки при лансирањето додека во САД се обидувале да испратат човек во вселената.

САД испраќаат човек на Месечината во 2024 година

Астронаутите Нил Армстронг, првиот човек на Месечината, еднаш рекол дека Крафт бил човекот кој бил „контрола“ во контролата на мисијата.

Првите американски летови со човечки екипаж започнале во 1961 година, а Крафт одлучувал за работите кои се однесувале на живот или смрт, како и тоа дали временските услови се поволни за лансирање и што да се прави доколку се појави проблем.

Крафт подоцна во текот на шеесетите години помагал во креирање на мисијата „Аполо“ која на крајот ги одведе Американците на Месечината во 1969 година.

Милиони луѓе и натаму веруваат дека НАСА го лажирала слетувањето на Месечината

Се пензионирал во 1982 година, но продолжил да работи како консултант.

Loading...

фото: Twitter/NASA

Leave a Reply