Почина Боби Браун – ќерка на познатата пејачка Витни Хјустон

Сподели со своите пријатели

Боби Кристина Браун, ќерка на Витни Хјустон, почина на 23 – годишна возраст, а информацијата за новинарите ја потврди претставничка на семејството, Кристен Фостер.

Loading...

Фостер соопшти дека Боби починала вчера, опкружена со членови на семејството, и дека конечно се нашла во рацете на Бог, смирена и среќна.

Да потсетиме, Боби на 21 јануари беше пронајдена онесвестена во када, а докторите ја ставија во медицински индуцирана кома од која таа никогаш не се разбуди. Несреќата најверојатно е поврзана со прекумерно земање наркотици, соопштува Entertainment Tonight, емисија на американска телевизија специјализирана за вести од шоу – бизнисот.

Пред еден месец, откако нејзината состојба се влоши, Боби беше пренесена во болница во Џорџија.

 

 Umrla Bobbi Kristina Brown, kćerka Whitney Houston

Таа е единствената ќерка на R&B пејачот Боби Браун и поп дивата Витни Хјустон која во 2012 беше пронајдена мртва во када од хотелска соба во Лос Анѓелес.

Смртта на нејзината мајка беше истотака поврзана со злоупотреба на кокаин. Боби Кристина Браун по смртта на мајка си беше единствената наследничка на имотот.

Loading...

Таа започна да настапува заедно со својата мајка на 16 – годишна возраст, пеејќи во дует  “My Love is Your Love”. Во 2003, тие снимија уште еден дует “Little Drummer Boy” за божиќен албум.

Хјустон и Боби Браун се бореа со зависноста од дрога, а се разведоа кога нивната ќерка имаше 14 години.

Смртта на Боби Браун според пишувањата на TMZ, ќе биде третирана како убиство, а првоосомничен е нејзиниот дечко, Ник Гордон.

Семејството му забрани посета во болница, а медиумите пишуваат дека тој бил вон контрола од така, кога дознал за смртта на својата сакана.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.