Победниците на Вимблдон танцуваа во чест на традицијата (видео)

Сподели со своите пријатели

Неофицијалното светско првенство во тенис, како што популарно го нарекуваат третиот грен слем турнир во тениската сезона, заврши со свечена вечера и танц на победниците Серена Вилијамс и Новак Ѓоковиќ.

Loading...

Сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ, преку „Твитер“ и се обрати на Серена Вилијамс дека му дала дозвола на сопругот да танцува со неа.

https://www.youtube.com/watch?v=T-HSVe2A8z4

Танцот на освојувачите на турнирот е уште една од традициите кои се дел од богатата историја на All England Lawn Tennis Club, поради која вчера на актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, не му беше дозволено да влезе во „кралската ложа“ иако бил уредно поканет, но немал облечено палто и вратоврска.

Англичаните го организираат турнирот од 1877 година.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.