Победата над Кожув, загревање пред мечот со МЗТ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Вторпат во неколку недели кошаркарите на Куманово го совладаа Кожув и потврдија дека со Марјан Србиновски пронаоѓаат физиономија на играта.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”340″]

 

По одличниот старт на натпреварот кумановчани брзо се одлепија и дојдоа до +20, предност која до крајот не ја испуштија и им донесе убедлив триумф од 86-80 (19-9, 22-15, 19-25, 26-31).

 

 

Цврстината во одбраната беше клучен фактор за победата на кошаркарите на Куманово, во чии редови сите стартери демонстрираа карактер и квалитет.

 

Loading...

 

Симоновски одигра перфектно прво полувреме, а мечот го заврши со 20 поени, Мишановиќ даде 21, а Александар Костовски беше автор на 14 поени. Во поразениот табор на Кожув на Марјан Илиевски скокот не функционираше, а по бројот на поени се истакнаа Брчков со 18, Ѓуровски и Радуловиќ со по 14 и Пен со 12 поени.

 

 

Во среда на домашен терен КК Куманово ќе ги пречека кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром.

текст: гол.мк