По заминувањето од КК Куманово: Луковиќ потпиша договор со МЗТ Скопје

Сподели со своите пријатели

Доскорешниот центар на КК Куманово, Урош Луковиќ, по минатонеделното напуштање на кумановскиот тим, од денес и официјално стана член на МЗТ Скопје, јавува порталот Екипа.

Loading...

По напуштањето на КК Куманово, спортските портали коментираа дека Луковиќ ќе замине во српски Партизан, па дури и во Саудиска Арабија, но по сите шпекулации, излезе дека српскиот центар веќе ги имал договорено деталите за неговиот трансфер со оглед дека од денес тој стана дел од скопскиот престижен клуб.

ЕКИПА дознава дека веќе се договорени и деталите за соработка, а Луковиќ до крајот на оваа седмица и официјално ќе пристигне во Аеродром и ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Јончевски.

фото: спорт.ком.мк