По вулканот, Филипини погодени и од силен земјотрес

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала ја погодил денеска областа одалечена околу 80 километри југозападно од градот Батангас на Филипините, јавува Американската агенција за геолошки истражувања.

Во соопштението се наведува дека потресот се случил околу 15:49 часот по локално време на длабочина од триесетина километри.

Над 200 лица настрадаа на Филипините (фото)

Loading...

Од филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопштено е дека не се очекува голема штета, но дека се можни нови потреси при смирување на тлото.