По вчерашната престрелка, уапсен раперот Буба Корели

Сподели со своите пријатели

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат под псевдонимот Буба Корели, бил приведен по вчерашното пукање во Сараево, потврди Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон (КС), пренесува РТВ.

Loading...

Портпаролот на МПС на КС, Мирза Хаџиабдиќ, за порталот Кликс изјави дека покрај Хоџиќ, приведен е и човек со иницијали О. Ц.

 

 

Кликс дознава дека станува збор за Омар Куриќ, братучед на Буба Корели.

За време на вчерашното пукање во сараевската населба Ступ, се пресметувале пет лица, меѓу кои Хоџиќ и Ќуриќ.

 

Loading...

 

На пукањето наводно му претходела масовна тепачка во која две лица биле повредени и пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Порталот повикувајќи се на извори од полицијата пренесува дека тие лица не биле повредени од огнено оружје, туку во тепачката што претходела на пукањето.

 

 

Раперот бил  уапсен на улицата Љубjанска, во возило. По тој повод, исто така, бил извршен претрес во неговото возило. Тој е обвинет за предизвикување општа опасност, носење оружје и нанесување тешки телесни повреди.

Loading...

 

 

Раперот после инцидентот се јави синоќа и рече дека само се нашол на погрешно место во погрешно време.

 

 

– Јас, Амар Хоџиќ, се најдов во погрешно време, на погрешно место и во никој случај не сум поврзан со непријатниот настан – рече тој.

Loading...

Leave a Reply