По три години почна да тече вода на фонтаната на споменикот „Батко Ѓорѓија“

Сподели со своите пријатели

По три години почна да тече вода на фонтаната на градскиот плоштад, кај споменикот Батко Ѓорѓија.  Од страна на Општина Куманово, беа набавени делови за сервисирање на истата, а со стручна помош на „ЈП Водовод„   се изврши  замена на  делови за електрична инсталација и за водоводна мрежа.

Како што информираат од Општина Куманово, во тек е изработка на физибилити студија за утврдување на оштетеноста и на останатите две фонтани во централно градско подрачје. По што ќе следува и нивна реконструкција.

Leave a Reply