По три дена гаснење локализиран пожарот во Орашац

Сподели со своите пријатели

По три дена борба со пламените јазици утринава во 02:45 часот конечно е локализиран шумскиот пожар во атарот на селото Орашац.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, опожарена е поголема површина сува трева и нискостеблеста деградирана шума.

Деветмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово и седумина вработени од Шумско Стопанство Куманово изминатите три дена го гаснеле пожарот, бидејќи како што потенцираат од РЦУК, теренот бил тешко прооден и непристапен за моторни возила.

Сува трева и нискостеблеста деградирана шума вчера горела и во селото Матејче. Тројца кумановски пожарникари учествувале во интервенцијата која траела од 14:00 до 16:00 часот.

Leave a Reply