По „сваровски“ судство, добивме „селфи“ медицина (фото)

Сподели со своите пријатели

Скандалозна фотографија пристигнува преку социјалните мрежи од операциската сала во Гевгелија. Додека пациент со отворен стомак лежи на операција, лекарите во операционата сала позираат за „селфи“ фотографија.

Веднаш откако фотографијата беше објавена лавина коментари по социјалните мрежи и интернет порталите ја опсипаа со негативна критика, а се отворија и многу дискусии за односот доктор-пациент, но и нарушувањето на приватноста и Законот за правата на пациентот.

Менаџерскиот тим на гевгелиската болница затекнат од ваквата постапка на лекарите најави дисциплински мерки против сите кои учествувале во операцијата.

Граѓаните повторно преку своите коментари побараа оставка од министерот Тодоров, особено откако пред неколку месеци пијани анестезиолози усмртија и прават „селфи“ за одбележување на моментот.