По шест децении пронајдена украдена статуа на Буда од 12 век

Сподели со своите пријатели

Бронезена статуа на Буда од 12. век украдена од еден индиски музеј пред 57 години, пронајдена е во Лондон и наскоро се враќа во земјата на потекло.

Статуатала била една од 14 уметнички предмети украдени во 1961. година од Археолошкиот музеј при локалитетот во Наланди, на истокот на земјата.

Забележана е во март годинава на еден саем во Британија, што започнало истрага од страна на лондонскат аполиција, единицата за уметност и антиквитети.

 

Loading...

 

Ниту сопственикот ниту дилерот не се обвинети и се сложиле Буда да биде вратен во Индија.

Статуата е предадена на високата комисија на Индија во Лондон.

– Овој чин покажува дека властите и уметничкиот свет заедно работат да спроведат позитивна културна дипломатија во светот, рекол министерот за уметност Мајкл Елис додека детективката Софи Хејс особено ги пофалила оние кои имале „очи на сокол“ и ги предупредиле властите за украдената скулптура.

Leave a Reply