По пад на метеор се формирало езеро во розева боја (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Езерото што се формираше по падот на метеоритот стана розово, никој не знае зошто / видео /

Loading...

Езерото во Индија, формирано по падот на метеоритот и старо повеќе од 50.000 години, станало розово, а експертите се уште немаат објаснување зошто се случило.

Езерото Лонар во државата Махараштра одеднаш ја променило бојата пред неколку дена на изненадување на луѓето што живеат во таа област, пренесува Танјуг.

Експертите веруваат дека причината може да биде зголемување на соленоста на водата, процентот на алги или комбинација од овие два фактори, како што се случи со Големото Солено Езеро во Јута или езерото Хилиер во Австралија.

 

 

Гвајана Карат, локален геолог, рекол дека ова се случувало и порано, но дека не било толку изразено.

Loading...

Изгледа дека езерото е розово оваа година, бидејќи соленоста е зголемена“, рекол тој, додавајќи дека количината на вода во езерото е намалена, соленоста е зголемена и тоа е причината за тие промени.

Карат, исто така, споменал дека научниците го испитуваат присуството на црвени алги и дали тоа е причината за промената на бојата на водата.

 

 

Примероците биле испратени во неколку лаборатории, речкол тој, и „кога ова ќе се проучи, дури тогаш ќе можело со сигурност да се каже зошто водата во езерото станала црвена“.

Езерото, сместено на околу 500 километри од Мумбаи, настанало откако паднал метеорит на Земјата пред околу 50.000 години. Научниците ширум светот го истражуваат со години, и со текот на времето стана популарна туристичка атракција.