По грешка во ѓубре фрлила накит вреден 100.000 долари

Сподели со своите пријатели

Една жена од американската држава Џорџија по грешка во ѓубре фрлила три прстени и нараквица со вкупна вредност околу 100.000 долари.

Жената, во голема паника го повикала директорот на локалниот отпад за да помеѓу 10 тона смет, колку тука вкупно се донесува дневно, се обиде да го пронајде својот накит.

Дали би пробале од коктелот со злато и дијаманти? (ВИДЕО)

Loading...

Директорот на претпријатието за депонирање отпад Џони Викерс изјавил дека минатиот виекнд примил повик од многу вознемирена жена која рекла дека случајно во ѓубре фрлила многу вреден накит.

Тој рекол дека во такви случаи времето е клучно и дека мора веднаш да реагира, инаку редметот кој го бара најверојатно неповратно ќе биде загубен на големиот топад.

САМО ВО РУСИЈА: Од авион на писта испаднале 3 тони злато (ФОТО)

Затоа собрал тим од петмина луѓе кои започнале да го пребаруваат собраниот смет, а на отпадот секојдневно пристигнуваат околу 300 тони.

Откако ги прегледале податоците за довезениот отпад, потрагата ја намалиле само на 10 тони смет.

Со 32 килограми злато во чантата си тргнал на лет

Неколку часа подоцна додека ги прегледувале последните кеси, работниците пронашле накит вреден 100.000 долари и го вратиле на сопственичката.

Не е познато дали работниците за својот труд биле наградени.

Leave a Reply