По говорот на Путин се огласи и НАТО

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека жали што Русија одлучила да го суспендира учеството во новата повелба СТАРТ и оцени дека со таа одлука „целокупната архитектура за контрола на вооружувањето е демонтирана“.

Loading...

„Жалам за денешната најава на Русија да го прекине учеството во Повелбата за нов почеток. Во последните години Русија ги прекрши и се повлече од клучните договори за контрола на оружјето. Русија да ја повлече својата одлука и да ги почитува постоечките договори“, рече Столтенберг на прес-конференција по состанокот на високо ниво меѓу НАТО, ЕУ и Украина во Брисел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека Русија го суспендира своето учество во новиот договор за намалување на нуклеарното вооружување СТАРТ со САД, откако го обвини Западот дека е директно вклучен во обидите за напад на нејзините стратешки воздушни бази.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.