По денешното сонце, следува врнежлив викенд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнуваат вредност во интервал од 30 до 37 степени целзиусови.

Во Куманово и околината времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност во одредени периоди од денот. Максималната температура ќе достигне 34 степени, а ќе дува и умерен јужен ветер.

Во сабота во текот на денот ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните и ноќните часови, како и во недела во текот на денот, претежно во западните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а температурата ќе биде во опаѓање.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...