По четири месеци затвор за инцидентот во Мала Речица каде загина кумановец

Сподели со своите пријатели

Сабит Реџепи, Ридван Дервиши, Халил Камбери и албанскиот државјанин Љуљзим Битра беа осудени на четири месеци затвор како виновни за учество во тепачката на 5 април годинава кога во вооружен судир на две групи кумановци, членови на ДУИ во Мала Речица едно лице загина а повеќе беа потешко или полесно повредени.

Според денешната пресуда, на осудените казната им се намалува за времето поминато во притвор додека албанскиот државјанин Љуљзим Битра, кој сѐ уште е во притвор, по издржувањето на казната се протерува од Македонија со забрана за влез во траење од пет години.

За нивниот бранител адвокатот Миралем Асани постапката за неговите клиенти била спроведена согласно законот, објективно и професионално, но сепак тој има забелешки за висината на изречената пресуда.

– Овие четворица сега осудени се и оштетени во настанот и по нивното признавање на вината за учество во тепачка во која се нашле случајно очекував дека ќе добијат условна осуда. Тие се нашле на погрешно место во погрешно време, односно тие дошле да земат двајца нивни пријатели и да одат на вечера по што биле нападнати од другата група што ги чекала подготвена. Во консултација со моите клиенти ќе решиме дали ќе поднесеме жалба на пресудата – рече адвокатот Асани.

(Република.мк)

Leave a Reply