По час и половина доцнење започна седницата на Советот, па се замина на пауза

Сподели со своите пријатели

Денешната седница на Општина Куманово започна со доцнење од час и половина, па по само 10 минути се замина на пауза без воопшто да се усвои и дневниот ред.

Loading...

Реакција за доцнењето имаше координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски, кој вели дека е културно некој да ги известил советниците дека седницата ќе доцни толку долго.

– Секогаш сме доцнеле 15 минути до половина час, но денеска ги помина сите граници, 30 луѓе чекаме час и половина да почне седницата и без никакво образложение, оправдување и извинување седницата почнува. Мислам дека е барем колегијално зошто сите чекаме тука час и половина. Во времето кога има телефони има секакви средства за комуникација можеше некој културно ќе беше да завртеше телефон и да каже дека ќе доцни седницата, верувам дека има причина, ама треба да ни се јави, рече Петковски.

Причината за доцнењето, како што појасни претседателката на Советот Атина Мургашанска било нејзино интервју за германски медиум, а дека координаторите на советничките групи биле известени за доцнењето.

– За волја на вистината кога веќе говоревте детално како одат комуникациите, требаше да кажете дека комуникациите вообичаено, и на седници, пауза, доцнење, секогаш одат на линија на координатори на советнички групи, така и вам ви беше соопштено дека ќе има доцнење и ви беа наведени причините, ваше е дали ќе го прифатите, организацијата е во надлежност на претседателот бевте навремено известени и утрово бевте известени за доцнење, и денеска морав да дадам вонредно интервју не е првоапрлиска шега, за германски медиум, рече Мургашанска.

По само 10 минути дебата околу утврдување на дневниот ред, на барање на советникот Драган Петковски, се замина на пауза од половина час.

Никола Ивановски

Leave a Reply