По 45 минути се чека за влез и излез на Табановце

Сподели со своите пријатели

Од рано утринава има метежи на дел од граничните премини на земјава, а најголемо задржување има на Табановце и Богородица според информациите од Автомото сојузот на Македонија.

Loading...

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од АМСМ.

 

Состојбата на ГП Табановце во 08:11 часот

 

Како што посочуваат оттаму, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Никола Ивановски

Leave a Reply