По 23. пат ОО СДСМ организира прослава за Бадник, но без палење оган

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ Куманово и годинава традиционално ќе го организира прославувањето на Бадник на градскиот плоштад, но за прв пат без палење на бадниковиот оган, поради еномрното загадување на воздухот, но и препораките на МПЦ.

– И оваа година ја продолжуваме традицијата со едно дружење од час, час и половина, ќе го одбележиме Бадник како еден од најсветлите празници во нашата религија. Ги повикувам нашите сограѓани, кои што се верници на православната вера и сите други останати на едно дружење. Сакам да потенцирам дека оваа година поради мерките што се преземаат поради загадувањето во градот Куманово и апелите на Македонската православна црква нема да палиме бадников оган, меѓутоа ќе има 400 пакетчиња каде ќе има еден златник и 10 сребреника и најсреќните наши сограѓани ќе ги добијат тие на еден начин подароци спремени од Општинската организација на СДСМ Куманово, изјави Мартин Костовски, претседател на ОО СДС Куманово.

Како што најави Костовски, ќе бидат поделени и 400 пакети со лепче и овошје во духот на бадниковата вечер, а воедно ќе има и скромна музичка програма.

Манифестацијата се организира 23та година по ред, а прославата ќе започне во 20:30 часот на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...