Плоча усмрти градежен работник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска околу 09.00 часот во Куманово, додека работел на приватна куќа на ул. „Никола Спасиќ“, врз С.Д. (64) од с.Тромеѓа, кумановско, паднала плоча.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој со возило на Итна медицинсла помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, а од таму во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply