Пливањето три пати неделно го обликува телото

Сподели со своите пријатели

Лесно е да се разголите, но не и да го затегнете телото, размислуваат многумина кои претходните месеци биле мрзливи за физичка активност и веќе сега си ветуваат дека на есен редовно ќе започнат да ја посетуваат теретаната.

Loading...

Во летото на располагање ви е најубавиот и наприроден спорт кој ќе ве доведе во топ форма.

Пливањето ја зголемува густината на коските и мускулите

Во прашање е пливањето, за кое не ви требаат големи пари, ниту тренер, ниту специјални услови, а ќе биде воолно да го применувате само три пати неделно по еден час и веќе по само три месеци сите мускули во вашето тело ќе бидат цврсти и стегнати. Тоа го докажало ново истражување на Универзитетот во Барселона, спроведено на дури 2.220 испитаници.

Резултатите покажале дека дури 87 отсто од учесниците имале не само видливо подобра фигура, туку и помал процент на масти, а поголем процент мускули.

Пливањето помага во губењето килограми

Бидејќи пливањето рамномерно делува на сите групи мускули, мажите и жените од сите возрасти успеале да ги затегнат и рацете и нозете (особено внатрешнста страна на бутот, која за дамите најчесто е и најслаба точка) и задникот, па да ја „истенчат“ половината, а притоа никој да не добие ниту една повреда, ниту пак морал да ја редуцира исхраната.

Кога веќе знаете што можете да очекувате од пливањето, нема причини оваа лето да не го искористите за пливање, а од есен само да ја одржувате својата топ форма.

Loading...

Image by Pexels from Pixabay

Leave a Reply