Плинска боца предизвика пожар во семеен дом во Бабин дол

Сподели со своите пријатели

Тимот на ТППЕ Куманово во изминатите дваесет и четири часа часа бележи две интервенции, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција на ТППЕ Куманово била во с. Бабин Дол, кога во семејна куќа се случила експлозија на плинска боца.

Пожарот бил пријавен во 21,15, а саниран во 21,45 часот.  Во гасењето на пожарот учествувале четворица пожарникари со едно ПП возило. Нема причинето голема материјална штета, се вели во извештајот на РЦУК.

Втората интервенција е регистрирана во с. Матејче, општина Липково на запалено трафо. Во гаснење на пожарот учествувале четворица пожарникари со едно ПП возило.