Платила 50 долари за неограничена порција суши: Изела толку многу што завршила во болница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една млада дама од САД зажалила за својата одлука да „натрупа што е можно повеќе храна, бидејќи сепак платила 50 долари за тоа“.

Loading...

Даниеле Шапиро (24) отишла со својата пријателка Аманда во азиски ресторан кој на клиентите им нуди да изедат суши колку што сакаат за 50 долари.

Даниела го сфатила тоа како предизвик, па во текот на двата часа што била во ресторанот изела четири gyoza кнедли, два jalapeño poppera, чинија едамаме и чинија мисо супа, пренесува Мирор.

Следното утро, оваа агентка за недвижности се разбудила со силна стомачна болка.

– Јас сум голем љубител на суши. Сакам да го јадам неколку пати месечно. Мојата најдобра пријателка Аманда беше во градот и таа исто така сака суши, па со нетрпение го очекувавме искуството во ресторанот „јади колку сакаш“. Цената е 50 долари по лице, па јас и Аманда моравме да ги искористиме тие пари, што значеше многу храна, изјави Даниел.

 

 

Loading...

Во нејзиното видео, таа се пошегува дека Аманда и таа требале да бидат „исфрлени од ресторанот“.

Нејзиното видео кое го опишува нејзиното искуство брзо собра повеќе од десет милиони прегледи.

– Кога се разбудив, се чувствував навистина лошо. Градите, стомакот… Нешто не беше во ред – вели младата Американка во видеото.

Момчето на Даниела, со помош на нејзината баба, ја однел во болница каде лекарите го дијагностицирале проблемот.

Даниела по неколку часа била отпуштена од медицинската установа и ги примила препишаните лекови. Била предупредена да не повторува слични работи.

Но, таа не се грижи премногу. Вели дека едвај го чека сушито повторно.

Научив дека следниот пат треба да го слушам своето тело и да одам малку побавно“, изјави на крајот незаситната Американка.

 

Loading...
@danielleshapAll you can eat sushi gone wrong… 🥴

♬ Originalton – POV’s