Планинар паднал од 200 метри височина при обид да направи селфи фотографија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Планинар во Аризона се лизнал додека го фотографирал пејзажот, паднал од височина од 200 метри и починал.

Loading...

Ричард Џејкобсон (21) во понеделникот пешачел во паркот „Лост Дачмен“, а животот го загубил откако се обидел да се фотографира.

Неговото тело е пронајдено на 200 метри под Рамната железна патека, пишува CNN.

Пријател со кој кампувал ја повикал итната помош околу 00:45 часот и рекол дека Џејкобсон отишол до работ на патеката „да се фотографира“ и дека се лизнал.

„Само во еден момент почна да ми ѕвони во ушите “.

Според студијата од 2018 година објавена во Журналот за семејна медицина и примарна нега, од 2011 до 2017 година, повеќе од 250 луѓе умреле ширум светот обидувајќи се да направат селфи.

Пол Бланко, еден од пријателите на Џејкобсон од детството, рече дека бил шокиран кога слушнал што се случило.

„Само во еден момент почна да ми ѕвони во ушите. Не можев да прифатам дека тоа се случи“, рече Бланко, додавајќи дека Џејкобсон учествувал во верски мисии во Јута и Вашингтон.

Loading...