Питбул ѝ одгризал половина лице: Нова и скапа операција ѝ дава надеж во животот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бруклин Кури (22) е професионален скејтер и модел, таа неодамна била подложена на сложена операција за да ја врати насмевката по бруталниот напад на куче.

Loading...

Пред една година ја нападнал питбулот на нејзиниот братучед, а сега со операција која ќе чини околу 400.000 долари планира да ги санира оштетувањата на усните и носот, пренесува Унилад.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Brooklinn Khoury (@brookhoury)

 

На почетокот на месецот, девојката во видео на YouTube откри дека нашла хирург и дека има измешани чувства за скапата операција.

„Возбудена сум поради операцијата за повторно заздравување, како и за работа со овој доктор. објасни Бруклин, која е многу активна како професионален скејтер.

Операцијата била закажана за 17 ноември, а Бруклин во видеото открила дека се работи за „многу сложена процедура“, која вклучува отворање на раката за отстранување на главната артерија која може да ја снабдува со крв новата кожа на устата.

Loading...

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Brooklinn Khoury (@brookhoury)

 

И требало една година да го најде вистинскиот лекар, но таа признава дека чекањето се исплатело.

На почетокот на клипот објавен на 13 ноември, таа открила што направила нејзината девојка Клои за да ја одбележи првата годишнина од нападот.

– Првата годишнина од несреќата беше на 3 ноември. Мојата прекрасна девојка Клои го организираше најслаткиот пикник и го нарече „ден на среќните насмевки“, рече таа.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Brooklinn Khoury (@brookhoury)

Loading...

 

На пикникот биле сите нејзини пријатели и семејството, а таа успеала да го преживее најлошото ден во најдобар.

Сепак, патот до закрепнување нема да и биде лесен. Кури додава дека по операцијата воопшто нема да може да ја движи устата и дека поради тоа ќе и треба сонда за хранење.

Таа рече дека веројатно ќе снима од болницата и им се заблагодари на нејзините следбеници што и се придружија на ова „патување“.