Пијан Русин спиел на пруга на -18 степени: Го прегазил воз, а тој завршил неповреден (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пијан Русин заспал на пругата во Краснојарската област, а за чудо преживеал и не го разбудил возот кој минал веднаш над него.

Loading...

Машиновозачот на патничкиот воз на релација Краснојарск – Абакан забележал маж како лежи на пругата и почнал да кочи. Но, веќе било доцна. Возот поминал над мажот, пишува Дела.ру.

Кога излегле машиновозачот и некои патници, под вагонот нашле маж.

Бил толку пијан што не можел ни да зборува и воопшто да разбере што се случува. Немал поим дека бил прегазен од воз.

 

 

Тој не се здобил со сериозни повреди.

Loading...

Полицајците и железничарите го извлекле од под возот со ќебе, а потоа го однеле до најблиската станица, каде што бил предаден на болничарите.

Подоцна било утврдено дека се работи за локален жител (36).

Пред да заврши на шините, пиел со пријателите. Заспал на пругата на -18 степени целзиусови.

Во окружната болница Курагинскаја, каде што бил однесен, кај мажот било потврдено само труење со алкохол и неколку модринки.

 

https://youtu.be/tyDHXGFwdJs