Петрушевски: Сообраќајот очигледно не е прироитет за решавање на локалната власт

Сподели со своите пријатели

„Сообраќајот очигледно не е прироитет за решавање на локалната власт“, рече денеска на прес конференција пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Loading...

Петрушевски, од крстосницата помеѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ рече дека позастрашувачко е што самата безбедност во сообраќајот не е приоритет.

– Сообраќајот како горлив проблем на кумановци во текот на изминатите години очигледно не е прироитет за решавање на локалната власт. Она што е уште позастрашивачки е што самата безбедност во сообраќајот не е приоритет. Сведоци сме во Куманово на чести гужви по нашите улици, улици кои што се преполни со дупки кои не се санираат, коловози кои се зафатени за да општината наплаќа паркинг и јавни површини и тротоари кои не можат да се користат од пешаците, рече Петрушевски.

Како пример пратеникот ја наведе сообраќајната незгода од пред повеќе месеци на крстосницата меѓу двете улици.

– За среќа избегнати се покатастрофални последици затоа што тука немало возила или пешаци, но тоа е чиста среќа. Веќе неколку месеци иако алармирале граѓаните од околината иако биле кај градоначалникот, кај локалната власт, овој проблем сѐ уште не е решен. Истите тие граѓани се обратија и кај мене како пратеник да помогнам овој проблем да се реши, рече тој.

Како што вели, денеска упатува апел до градоначалникот Максим Димитриевски и општината да ги завршат обврските за кои земаат плата.

Ова се улици кои се меногу френкфентни, се користат од граѓаните од населбата Гоце Делчев, Зелен рид и Бабин дол за да се движат кон центар, и сметам дека е недозволиво за една општина Куманово, една локална самоуправа на еден голем град, веќе неколку месеци да биде ваков проблем за безбедноста на пешаците и возилата несаниран.

Да се стави ограда која ќе биде безбедна и во случај одредено возило да удри во таа ограда за да нема последици по улицата „Драган Стопаревиќ“. Се надевам дека овој мој апел ќе биде послушан од градоначалникот и овој проблем на граѓаните на Општина Куманово ќе биде решен, рече пратеникот Петрушевски.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply