Петровиќ: Дресот на Куманово обврзува секој да го даде максимумот на теренот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово оваа година влегува со ново раководство ,нова амбиција, проект кој ветува и тренер кој веќе е докажан и ќе биде втора година по ред на клупата на нашиот прволигашки представник во македонскиот кошаркарски шампионат,а тоа е Александа Петровиќ.

Со него мината година КК Куманово играше во полуфиналето на плејофот на кошаркарскиот шампионат и полуфинале во Купот на Македонија. Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона,поразговараме со него на тема кошарка и КК Куманово

Господине Петровиќ кои се Вашите очекувања во пресрет на оваа сезона?

Петровиќ: Прво би сакал да ја поздравам целокупната кошаркарска јавност во градот. Минатата година за прв пат бев дел од клубот каде заедно со играчите успеавме да се пласираме во плејофот на Македонија каде загубивме од скопски Работнички кој подоцна стана шампион и покрај тоа што имавме проблеми во тој дел од годината, а исто така игравме и во полуфинале од Купот на Македонија. Оваа година играчкиот кадар ќе биде сосема поинаков, бидејќи поголемиот дел од играчите кои настапуваа минатата година не напуштија. Во клубот дојде до и промена и во управувачкиот дел, каде се внесе нова енергија и влегоа нови луѓе. Тимот е подмладен и променет. Од минатата година од поискусните кошаркари останаа Мекиќ, Ковач и Ѓекиќ, додека како засилување ни пристигна Пенов од МЗТ Скопје. Исто така во ростерот на КК Куманово ќе бидат и неколку млади репрезентативци и играчи на кои ќе им се посвети посебно внимание. Приоритет оваа година ќе биде стабилизација на клубот на финансиски план. Пред почетокот на сезоната ќе се обидеме да доведеме играчи на позиција еден и пет со што ќе го комплетираме тимот. Верувам во екипара и играчкиот кадар што го имам пред се во нивната енергија и младост. Мислам дека имаме можности доколку се биде реализирано според планот и замислите ќе имаме добар резултат и оваа сезона.

Оваа година Куманово ќе има екипи во сите натпреварувачки младински категории.Како гледате на тоа?

– Организациониот дел околу младинските категории оваа сезона радува кај сите искрени љубители на кошарката во Куманово. Еден клуб со реноме како Куманово мора да има такви категории. За прв пат оваа година ќе има и втора екипа која ќе се натпреварува во Втората Македонска кошаркарска лига. Не ги забораваме и тимовите до 12,14,16 и 18 години,кои ќе се натпреваруваат во овие возрасни категории. За да се направи еден играч е процес. Треба време, трпение и работа. Сигурен сум дека тренерите во тимот ја имаат комплетната подршка од новата управа во креирање на тој процес. Дресот на Куманово обврзува секој да го даде максимумот на теренот дали тоа било на тренинг или на натпревар. Што се одснесува до првиот тим на секој натпревар ќе влеземе максимално со секого и ќе одиме на победа без разлика каде играме дали дома или во гости. Ние сме Куманово. Пак ќе потенцирам дека сум задолен од играчкиот кадар,од нивната работа и залагање на тренингот не само на теренот туку и надвор од него бидејќи станува збор за инзворедни момци. Како тим ќе играме препознатлива, брза и убава кошарка ,со агресивна одбрана ,доста трчање и брзи напади.

Како одат подговките и каков е планот до почетокот на регуларниот дел од шампионатот?

Петровиќ: Веќе работиме скоро две недели во салата на Средното економско училиште Перо Наков.а во текот на оваа недела ќе стартуваме со пријателски натпревари. Потоа ќе играме турнир на 21, 22 и 23 септември во Смедеревска Паланка, Србија. Чекам потврда за турнир во Ваљево,каде домашниот Металац ќе слави 70 години од своето постоење. Пријателски средби ќе играме и во соседна Бугарија. Доколку не се реализира некој дел од предвидениот планот,сигурно дека ќе се најде замена или пак соодветен тим со кој ќе одиграме меч се со цел екипата подобро да се воигра во пресрет на натпреварувачката сезона.

Кој е всушност Александар Петровиќ?

Петровиќ: Мојата кошаркарска кариера е поврзана со МЗТ Скопје каде поминав цели единаесет години.Една година бев во Пелистер во Битола,за потоа да бидам дел од стручниот штаб на Карпош Соколи две години. Оваа веќе ми е втора сезона во Куманово. Како човек би се опишал како фамилијарен и едноставен човек кој си ја сака работата, посветен на кошарката, но и личност која сака да се дружи со пријателите.

Какво е вашето мислење за новото правило на МКФ за тројца македонски играчи на паркетот во првиот дел од сезоната?

Петровиќ: Оваа правило што го донесе федерацијата во првиот дел да има по тројца македонски играчи на теренот мислам дека е добро за домашните кошаркари. Младите играчи мора да сфатат нешто,дека никој нема да им подари нешто. Ова навистина е подарок од федерацијата кој мора да го искористи пред се со добра и напорна работа. Во спортот нема протекции и мора како за се во животот да се заслужи. Во нашата држава ако нешто што е останало чисто тоа е спортот. Порака моја до младите играчи е да ја искористат максимално оваа шанса. Секој што влегува во кошарката има своја амбиција пред се мислам на спонзорите. Секој сака да направи добар резултат. Минатите години политиката на клубовите беше да се донесе квалитетен странец, но сега со новото правило шанса ќе имат тимовите да направат стратегија за периодот кој следи. Младиот играч треба вредно да работи и да биде посветен,клубот да го негува и да му даде шанса. На теренот не треба да биде тој што е многу убав туку тој што е добар на теренот. Квалитетот поради тоа правило малку ќе падне, но верувам дека ќе донесе бенефит на другата страна, а со тек на времето и квалитет.

Што мислите за останатите клубови во лигата?

Петровиќ: МЗТ Скопје и Работнички се главни фаворити за титулата и со квалитетот одскокнуваат од другите Гостивар е амбициозен проект и одлично се засили особено со ангажманот на Александар Костовски.Тука е Фени,Блокотехна, ние и Кожув. Ќе биде интересно и возбудливо до самиот крај и борбата за пласман во Супер лигата. Ние со добра работа и ентузијазмот што го имаме се надевам дека ќе влеземе во првите шест и Супер лигата. И да не влеземе нема да биде трагедија. Оваа година приорите ќе биде стабилизација и консолидација на клубот,продолжување на континуитетот на добрите резултати и задржување на реномето и историјата на клубот. Заедно треба сите да уживаме и да го подржиме Куманово во новиот проект,затоа што брендот кој беше направен во последните десет години треба да се одржи и уште еднаш да се покаже зошто Куманово е кошаркарски град – заврши во своето излагањето шефот на стручниот штаб на КК Куманово.

Leave a Reply