Петковски: Спасовски да обрне повеќе внимание за својот роден град (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерот Спасовски да обрне повеќе внимание за својот роден град рече денеска на прес конференција Драган Петковски, советник во Општина Куманово, по разгледувањето на извештајот за работата на полициската станица од општа надлежност Куманово.

– Во овој извештај видовме еден фрапантен податок дека во последните шест месеци криминалитетот во Општина Куманово е зголемен дури за 20 проценти. Ова особено се однесува на делот економски криминал каде зголемувањето е  170 проценти и на делот недозволена трговија каде што зголемувањето е 75 проценти. Како советничка група на коалицијата За подобра Македонија го повикуваме ресорниот министер, да обрне малку повеќе внимание за својот роден град и да си ја врши својата работа како што треба за да неговите сограѓани бидат задоволни од работат на полициската станица и сигурноста на граѓаните во Куманово се зголеми а моментално не е така, рече Петковски.

Loading...

Leave a Reply