Пет возила во Куманово ноќва останале без ретровизори и гуми

Сподели со своите пријатели

Без ретровизори и со оштетени гуми, останале пет возила ноќва во Куманово.

Loading...

– На 25.01.2022 година во 00.20 часот во СВР Куманово Д.М.(38) пријавил дека на улицата „Средорек“ во Куманово биле оштетени гуми и ретровизори на пет патнички моторни возила кои биле паркирани на улицата, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски