Пет ракометарки на ЖРК Куманово на репрезентативниот список

Сподели со своите пријатели

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојните бараж натпревари со репрезентацијата на Романија за обезбедување пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија.

Loading...

На списокот се најдоа пет ракометарки на Женскиот ракометек клуб Куманово:

– Марија Јовановска

– Ангела Јанкуловска

– Александра Боризовска

– Јована Кипријановска

– Тамара Ивановска

Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт, Романија на 17.04.2021 во 17:00 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21.04.2021 во 17:00 часот во СЦ Јане Сандански.

Loading...

Собирот е закажан за ден 12.04.2021 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во Хотел Русија во Скопје.

Никола Ивановски

Leave a Reply