Пет прекршувања на полицискиот час ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет лица во текот на ноќта го прекршиле полицискиот час во Куманово, додека во последното деноноќие по однос на прекршување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, полицијата казнила 67 лица.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26.04/27.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 96 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 67 , во Крива Паланка 11 и во Кратово 18.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 5 лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply