Пет пожари вчера во кумановско

Сподели со своите пријатели

Пет пожари вчера се регистрирани на подрачјето на Општина Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првиот бил во атарот на селото Отља, Општина Липково, каде на запалено стрниште интервенирале тројца пожарникари на ТППЕ Куманово во период од 21:40 до 23:10 часот.

Запалено стрниште кумановските пожарникари гаснеле и во Агино село во период од 19:25 до 20:35 часот.

Во Куманово било запалено и возило за собирање смет на ЈП „Чистота и зеленило“. Четворица пожарникари од 11:00 до 12:30 часот успеале да го изгаснат запалениот смет во товарното возило.

Во селото Зубовце била запалена поголема површина сува трева и стрниште. Таму четворица пожарникари се мачеле да го локализираат огнот, а нивната интервенција траела од 15:00 се до 45 минути по полноќ.

Последната интервенција за вчера била во атарот на село Тромеѓе, каде исто така гореле сува трева и стрниште. Тројца пожарникари таму интервенирале од 18:15 до 19:40 часот.

Leave a Reply