Пет пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет пожари регистрирале вработенитев Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 11:15 до 15:25 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева на Пчински пат.

Сува тева горела и во селото Скачковце, каде во период од 12:30 до 14:05 часот интервенирале исто така тројца пожарникари.

Во Ајдучка Чешма горело стрниште. Во 13 часот двајца пожарникари излегле на терен и стрништето го изгаснале дури во 17:50 часот.

Сува трева горела во селото Долно Којнаре, во близина на земјоделското училиште, но и повторно на Пчински пат околу 18 часот.

Сите пожари се изгаснати.

Leave a Reply