Пет помали пожари вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на вчераѓниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била во 19:15 часот во населбата Ѓорче Петров каде бил опожарен контејнер за смет. Двајца пожарникари интервенирале о0колу 20 минути.

Конејнер со смет во скоро исто време горел и на булеварот „Трета МУБ“.

Во атарот на селото Пчиња тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева околу полноќ, а сува трева горела и на улицата „Доне Божинов“ во период од 16:10 до 17:10 часот.

Тројца пожарникари на Територијалната противпожарна единица Куманово гаснеле и запалено стрниште во атарот на селото Речица, во период од 16:30 до 18:05 часот.

Leave a Reply