Пет настани од детството што ја формираат психата на идниот човек

Сподели со своите пријатели

Искуствата што ни се случувале во детството нè следат цел живот и се честа причина за вознемиреност и други нарушувања од кои страдаме во зрелоста, велат психолозите.

Loading...

Се разбира, ова не е правило што важи за секого, но траумите од детството секако влијаат на ризикот од подоцнежен развој на психолошки проблеми, пренесуваат медиумите.

Дали сте доживеале некоја од овие 5 работи како дете?

  1. Злоставувачи или жртви на злоставување

Студија објавена во 2013 година во стручното списание JAMA Psychiatry открива дека луѓето кои биле злоупотребени на кој било начин во детството, имаат поголема веројатност да развијат ментални нарушувања во адолесценцијата, а истото важи и за луѓето кои и самите биле злоставувачи.

Потенцијалните последици од ваквите искуства се депресија, вознемиреност, напади на паника и многу повеќе.

 

 

Loading...
  1. Вашите родители страдале од анксиозност

Ако родителите го имале овој проблем, ризикот дека детето ќе развие слично нарушување е зголемен. Истражувањата покажуваат дека децата кои пораснале со анксиозни лица поверојатно размислуваат негативно и полека одат кон депресија.

  1. Никогаш не сте ризикувале

Дури и прекумерната заштита на родителите може да биде причина за анксиозност во зрелоста. Кај ваквите деца, стравот од каква било потенцијална опасност расте и ова однесување се пренесува до зрелоста.

Поради недостаток на искуство, секоја тешка ситуација може да ви предизвика анксиозност.

  1. Како дете сте поминале низ многу стресни ситуации

Ако сте биле под стрес како дете од разни причини, повеќе сте подложни на анксиозно растројство.

 

 

  1. Не сте добиле доволно љубов

Како и да размислувате или или тоа не сте го забележале, недостатокот на љубов во детството силно влијае на секоја личност.

Loading...

И истражувањето потврди дека возрасните кои не добивале доволно љубов како деца стануваат поподложни на депресија и анксиозно растројство.