Пет начини да го подобрите утринското расположение

Сподели со своите пријатели

Станување рано наутро со насмевка на лицето, понекогаш навистина може да биде тешко. Оние кои не се „утрински тип“ мрзоволното расположение можат да го намалат со инвестирањето во добар и удобен душек, поради квалитетен сон и поспоро будење.

Испробајте некои од следните совети за да го избегнете намрштениот поглед рано наутро.

Слушањето утрински вести лошо влијае на психата

Loading...

Средете ги работите пред спиење

Неколку едноставни чекори кои треба да ги направите пред спиење може да влијаат на вашето утринско расположение. Ставете чаша вода под креветот, доколку се будите жедни и подгответе ја облеката која утре ќе ја носите.

Истражувањето покажало дека жените кои својот дом го опишале како неуреден се склони кон депесија, замор и нервоза. Ако се средите пред спиење, ќе имате помалку обврски кога ќе станете.

СТАНУВАТЕ РАНО ЗА РАБОТА ИЛИ ШКОЛО? Ова е идеалното време кога треба да легнете

Протегнете се

Поголемиот дел од луѓето стануваат премногу брзо со што не даваат на своето тело доволно време да се разбуди. Обидете се да лежите некое време во креветот и протегнете ги своите мускули, потоа полека станете и направете уште едноставни вежби на протегнување.

Не брзајте во бањата

Наместо да влетате под туш и да се истуширате на брзина со обичен сапун, одвојте малку повеќе време за капење. Користете луксузен гел за туширање, млеко за тело и набавете меки пешкири. Пуштете некоја музика погодна за нежно будење.

Зошто треба да спиеме во темна просторија?

Јадете, дури и ако не сте гладни

Направете нешто многу вкусно што ќе би ја подигне енергијата. Ако можете да јадете рано наутро испробајте течен појадок како фрапе или вегетаријански сок со состојки кои потикнуваат добро расположение.

Испланирајте нешто забавно за подоцна

Ако останатото не помогне, тоа што го имате и чекате цел ден да се случи ќе ви помогне да го подобрите утринското расположение. Планирајте да направите омилено јадење за вечера, организирајте кафе со пријателите или испратете секси порака на својот партнер.