Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа кај село Бајловце

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, службата за итна  медицинска помош бележи редовен  работен  ден со  интервенции карактеристични за  овој  период  од  годината, освен една интервенција на сообраќајна несреќа која се случи при директен судир на два патнички автомобила на локалниот патен правец с. Макреш – с Бајловце ( во близина на с. Бајловце) .

Loading...

Дежурната служба интервенираше во 14,15 часот со две екипи каде по укажаната лекарска помош ,повредените се префрлени на Одделението за хирургија во Општа Болница – Куманово.

Повредени беа пет лица кои се наоѓаат вон животна опасност и се задржани на понатамошно лекување.