Пет лица повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 01.08.2019 во 15 часот било пријавено дека во Куманово на улицата “11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(26) од Куманово, и патничко моторно возило “БМВ“ со српски национални ознаки, управувано од Ј.Ц.(46) од Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во незгодата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “БМВ“, М.Ц. која била пренесана во Општата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило, како и возачот А.Н. и еден сопатник од возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply