Пет интервенции на пожарникарите во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден имале полни раце работа. Според информациите добиени од Регионалниот центар за управување со кризи, тие бележат вкупно пет интервенции.

Првата била од технички карактер, односно учествувале во вадењето на телото пронајдено во бунар во селото Добрашане. Интервенцијата траела од 11:50 до 15:15 часот, а во неа учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Втората интервенција била на запалена сува треба во близина на „Екстра меин“, во чие гаснење учествувале тројца пожарникари и едно противпожарно возило во периодот од 13:10 до 13:50 часот.

Во периодот од 14:10 до 14:40 кумановските пожарникари повторно гаснеле сува трева, овој пат на улицата „Доне Божинов“ каде учествувале двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Запалена сува трева гаснеле и во атарот на кумановското село Кучкарево, каде интервенирале во период од 14:45 до 16:30 со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Интервенција белажат исто така на запалена сува треба во близина на Спомен Косутрница, местото викано „прмакови ниви“, каде во периодот од 15:25 до 15:45 на терен биле излезени тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од запалените суви треви нема причинета поголема материјална штета, а причините за избувнување не се познати.

Дирекцијата за заштита и спасување пред една недела излезе со предупредување да не се пали оган на отворено, но исто така граѓаните да внимаваат каде ги фрлаат отпушоците од цигари, затоа што лесно може да се запали сувата трева која во комбинација со топлото време може да избувне во поголем пожар.

Палењето на стрништа исто така е забрането, а секој кој нема да се придржува до таквата одредба ќе плати глоба од 2.000 евра.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.