Пет интересни факти за турското чудо на природата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Памукале е комплекс од необични минерални извори во плитки варовнички басени кои се сместени на југозападот на Турција во близина на градот Данизилија.

1. Памукале во директен превод од турски означува памучна палата или дворец од памук. Името го добил по белата тераса која потсетува на плантажите за памук кои се чести во Турција.

 

Loading...

 

2. Комплексот е долг 2.000 метри, а широк 600 метри. Се формирал како последица на земјотрес во долината на реката Мендарес. Прелевањето на минералната вода и таложењето на минералите создале басени исполнети со магична течност со сина боја во која на туристите им е дозволено капење.

3. Памукале вклучува 17 минерални извори чија температура варира од 35 до 100 степени целзисуови. Басените во форма на балкони се сместени еден под друг, а се протегаат на височина од околу стотина метри.

 

 

4. Во вториот век пред новата ера покрај Памукале бил изграден и лековитиот град Хиераполис. Денес од него останале само остатоци од староримски градби, споменици и храмови.

 

Loading...

 

5. Памукале заедно со Хиераполис е ставен во листата на УНЕСКО за заштита на светско културно наследство од 1988. година.

Leave a Reply